Од Кабинетот на претседателот целосно ги отфрлаат тврдењата на Антикорупциска дека со донесувањето на указите за унапредување на армиски старешини, претседателот Ѓорѓе Иванов постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата.

„Разочарува фактот што, и покрај тоа што до Државната комисија за спречување на корупцијата уредно беа доставени образложенијата и законските основи врз основа на кои претседателот на Република Македонија ги донесе указите, тие не се земени предвид од страна на Комисијата и наместо тоа, како образложение се даваат општи и непрецизни констатации без законска основа. Претседателот на Република Македонија ги донесе указите во согласност со Уставот на Република Македонија и законите“, се вели во реакцијата.

Како врховен командант, пишува во реакцијата, претседателот нема обврска да бара одобренија за надлежности што му се пропишани со законот.

SHARE

Оставете Коментар