Врие во МАНУ, судир меѓу “Македонистите” и “Анационалните”

Во највисоката национална научна институција кулминира судирот меѓу слободномислечките академици и групата која поради идеолошки причини или лични бенефиции од власта ги поддржува позициите на Зоран Заев и Владата.

Поделбите кои станаа драматични со поддршката на тесното раководство на МАНУ за промена на името на државата а подоцна и на Академијата а кулминираат со молкот за последната изјава на Заев дека Македонија крадела историја од соседите.

МАНУ со денови неоправдано молчи за несмасната изјава на премиерот кој им даде аргумент на Грција и Бугарија во тврдењето дека Македонците се вештачки измислена и создадена нација која се базира на лажна историја украдена од соседите.

Раководството на Академијата засега ги одбива сите иницијативи на дел од своите членови кои инсистираат јавно да се разговара на оваа и слични теми, најверојатно за да не се направи штета за власта, велат дел од академиците.

За разлика од дебатата за промена на името на земјата и на Академијата во која само мал број Академици јавно се спротивставија на ударите кон македонскиот идентитет, сега повеќе од половина членови од составот на МАНУ се противат на позицијата за антимакедонските изјави и чекори на власта која има поддршка од само неколку луѓе во врвот на највисоката научната институција.

Предходно во јавноста беа објавени информации за високи раководни лица од МАНУ кои имале лични или семејни бенефиции добиени од Владата на Заев а деновиве е актуелна и информацијата за слични придобивки за членови кои и во иднина Академијата треба да ја држат пасивна во однос на антимакедонските политики на власта.

SHARE