Ова беше наша прва средба откако се појавија некои проблеми меѓу нас, но тоа е човечки и треба да најдеме сили да ги надминеме и да продолжиме за доброто на Црквата, изјави денеска во Атина вселенскиот патријарх Вартоломеј по средбата со грчкиот архиепископот Јеронимос, истакнувајќи притоа дека „крвта вода не станува“.

Двајцата архиереи разговарале за повеќе прашања, вклучувајќи го и она за автокефалноста на Украинската Православна Црква и за билатералните односи.

„Човечки е да се јавуваат проблеми меѓу црквите, но во нашиот конкретен случај, како што рекол народот, крвта вода не станува. Ќе продолжиме како браќа кои проповедаат иста вера. Ние сме одговорни пред нашите Цркви и Божјиот народ“”, истакна патријархот Вартоломеј.

Атинскиот Архиепископ Јеронимос, му се заблагодари на Вартоломеј за посетатата.

Извор: БГНЕС

SHARE