Белград, но и уште неколку градови во Србија, втора ноќ едноподруго во знакот на масовни протести за најевеното ограничување на движењето претстојниот викенд поради наглото ширење на коронавирусот.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата, солзавец, повредени на двете страни, како и меѓу новинарите, го обележаа вториот ден од изразувањето незадоволство за најавата од претседателот Александар Вучиќ.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ соопшти дека се повредени десет полицајци, од кои на еден му се скршени двете нозе, откако врз нив биле фрлани камења, цигли и факели. Меѓу цивилите има 17 повредени.

Министерот за одбрана Александар Вулин оцени дека „насилните демонстрации се обид за државен удар и за предизвикување граѓанска војна“.

Еден од демонстрантите за РТС изјави дека српскиот народ излегол на улиците бидејќи не може повеќе да го трпи понижувањето од власта, бидејќи е незадоволен со економијата во земјата, бидејќи „Србија своите најдобри синови ги протера“, како и поради „тргувањето со Косово“.

Цел на демонстрантите се главните административни објекти, државната телевизија и канцелариите на владејачката Српска народна странка (СНС).

Вучиќ најави за денеска дека премиерката Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар со Кризниот штаб ќе донесат нови мерки за справување со Ковид-19, кои веројатно нема да вклучуваат полициски час.

SHARE