Ракометарите на Вардар ја совладаа Ал Вехда со 30:26 и го освоија бронзениот медал на „Супер глоуб“ во саудискиот град Дамам, со што го повторија пласманот на светското клупско првенство од пред две години.

По израмнетото прво полувреме, кое заврши 16:16 и во кое противникот постојано беше во водство, европскиот шампион покажа кој е кој во финишот, кога го реши победникот со водството од 29:24 во 58. минута.

Иван Чупиќ со 7/8 беше прво име меѓу „црвено-црните“, покрај голманот Калифа Гедбан со 14 одбрани. Даинис Криштопанс го заврши мечот со 6/10, Павел Атман со 5/5, а Сташ Скубе со 4/7.

Барселона го одбрани трофејот со триумфот од 34:32 над Кил во финалето.

SHARE