Вучиќ до Заев: Поздрав, друже!

Српскиот претседател, во синоќешното гостување на ТВ „Пинк“ потврди дека добил извинување од македонскиот премиер за разговорот на Зоран Заев со српските пранкери во кој рече дека Александар Вучиќ бил човек на Русија.

“Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас реков „поздрав друже“, што друго да му кажам, да се објаснувам дали сум човек на Русија или не?“, рекол Вучиќ.

Околу идејата за „размена на територии“ која се спомнува во разговорот на Заев со лажниот порошенко Вучиќ вели дека „со цело срце ја прифаќа”.

„Доколку некој ни го понуди тоа што тој го зборува, јас би го прифатил тоа со целото срце, но очигледно тој зборувал за тоа со некој кој малку се разбира за преговорите меѓу Белград и Приштина”, изјави Вучиќ во гостување наТВ Пинк.