Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека би сакал да слушне реакции од Вашингтон, Брисел и другите центри на моќ во врска со изјавата на Харадинај за референдум за обединување на Косово со Албанија.

На новинарско барање да ја коментира најавата на Харадинај, Вучиќ рече дека на заканите не треба да се возвраќа со закани. „Мојот одговор е – вие ја работите ја својата работа, што сакате, ние ќе имаме добар и адекватен одговор, а граѓаните не треба да се грижат“, рече Вучиќ.

Сепак, како што пренесуваат медиуми Вучиќ вели дека Харадинај е опасен човек и сериозен политичар кој се залага да стане нов претседател на Косово.

Во случај тој да биде избран со поддршка на Албин Курти, тогаш тие ќе имаат и косовска влада и претседател кои ќе се залагаат за обединување со Албанија.