Вучиќ најави можно одлагање на изборите во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „изборите нема да бидат главна тема“ доколку има проблеми со коронавирусот во земјата и дојде до зголемување на бројот на заболени.

“Нема да има одложување на изборите ако ги контролираме работите. Но, ако има проблеми со растот на бројот на заразени лица што не можеме да ги контролираме, здравјето е на прво место за нас. Државата ќе реагира доброволно и одговорно со цел да го заштити животот на луѓето“, рече Вучиќ.

Прашањето за одложување на изборите во Србија доаѓа откако се појави прашањето за епидемиолошката состојба во Врање каде вчера во болница беа примени 67 граѓани.

Вучиќ вели дека добил резултати според кои биле подобри од претходниот ден. Тој посочи дека се проверуваат сите контакти со заразените за да може да се делува веднаш.

Вучиќ во исто време ја обвини опозицијата.

Според него банално е да се слушаат барања за одложување на изборите заради опасност од инфекција од истите луѓе кои организирале протести за време на пандемијата и полицискиот час.

SHARE