Вучиќ: Не градиме нова Југославија, туку подобар живот на граѓаните


На заедничката прес-конференција на лидерите на Западен Балкан во Охрид каде тема беше таканаречениот „мини шенген“ за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, смирувапе дека ова што се прави не е некаква Југославија.

„ Направивме нешто што е голема работа, а многу луѓе не го разбираат тоа. Господинот Рама е под притисок.

 Мене во политичката кампања ме обвинија дека правам автопат за голема Албанија. Тие што ме обвинуваа 11 пати помалку гласови од мене. Горд сум на договорот што го направија Србија, Албанија и Северна Македонија.

Тука нема Југославија, тука има само подобар живот за нашите граѓани“, рече Вучиќ.

SHARE