Главниот гасовод „Балкански поток“ во Србија, кој испорачува руски гас преку Турција и Бугарија, беше официјално пуштен во употреба утрово.

„Ова е од клучно значење за понатамошниот развој на Србија. Ова е од големо значење за нас, за индустријата и напредокот на српската економија и за сите жители на нашата земја “, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ на официјалното отворање на гасоводот , пренесува Танјуг.

Вучиќ исто така рече дека Србија со овој гасовод обезбеди гарантирана енергетска стабилност и безбедност и дека гасот се набавува преку тој гасовод по цена до 155 долари, со многу пониски транспортни трошоци.

Должината на главниот гасовод во Србија е 403 километри – влегува во Србија во близина на Заечар и излегува кaj Хоргош во Унгарија.

Балканскиот поток е дел од гасоводот Турски тек, проект на руски Гаспром и турски Ботас, кој треба да обезбеди стабилно снабдување со гас за Турција, јужна и југоисточна Европа и има капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Првиот крак на Турски тек поминува низ Турција, додека втората гранка оди во Бугарија, Србија и Унгарија. Србија и Бугарија тој дел од гасоводот го нарекуваат „Балкански поток“.