Вучиќ: Зоран не ми веруваше дека нема да му отворат преговори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со македонскиот колега Стево Пендаровски, вчера во Белград рече дека го предупредил Зоран Заев дека нема да има ништо оид датумот за опреговори.

„Јас тоа на Зоран (Заев) му го кажав кога бевме во Нови Сад. Заев ме гледаше како да сум “шлакнат“ кога му кажав дека нема да му отворат преговори и бев во право, рече Вучиќ.

Зборував со Заев во Нови Сад дека нема да има отворање пристапни преговори, а тој ме уверуваше дека му ветиле и се виде што било“, нагласи Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека со Македонија, пред сè, поради преспанскиот договор, ќе се отворат преговори во март или мај во Загреб, но – што потоа.

„Ќе имате 15 дена да се фалите на телевизија дека се отворени преговорите. Но, што потоа“, праша Вучиќ.