Вулин: „Скопје, центар за уривање на Вучиќ“!?

Скопје стана она што некогаш беше Будимпешта, центар за контраразузнувачка работа против Србија, пишува српски Информер.рс.

Тоа што беше Будимпешта на крајот на деведесеттите години, кога бепше уриван Слободан Милошевиќ, каде што ЦИА и други странски служби обучуваа лидери на опозицијата и даваа милиони, сега тоа е Скопје, ја пренесува порталот изјавата на српскиот министер за одбрана Александар Вулин,

Вулин, наводно, вака ја коментирал веста дека во Скопје имало средба на македонскиот премиер Зоран Заев со лидерот на Сојузот на Србија, Драган Ѓилас, на која се разговарало и за „сегашната ситуација во Србија и двомесечните граѓански протести“, пренесува Инсајдер.

„Цврстиот став на претседателот Александар Вучиќ дека Србија нема да прифати власта на амбасадори го доведе под непосреден напад на службите.

Скопје стана место од каде се покренува и од каде ќе се покренуваат  напади на Србија и на нејзиниот претседател“, рекол Вулин.

SHARE