,,What the fu*k” бара Србија од Косово, запраша Рама пред камери (ВИДЕО)

Пред десетици камери Албанскиот премиер Еди Рама кој ја водеше заедничката седница на владите од Тирана и Приштина во Пеќ го употреби зборот ,,Ф” зборот во фразата What the fuc*.

Рама зборуваше дека оваа фраза би ја употребила Европската унија за ситуацијата во однос на Белград од каде според албанскиот премиер доаѓаат провокативни и навредливи барања како тоа косовскиот министер за трговија да не може да ја нарекува својата земја Република Косово.

Рама го обвини Белград дека не е искрен во разговорите со Косово.

И тие што не разбираат албански и англиски јазик ќе ја разберат пораката на Рама која е недипломатска, навредлива и безобразна а досега јавно не ја употребил ниту еден европски политичар.