За 38,15 проценти се намалени вкупните приходи во државната каса само за првите две недели од овој месец.

Најголем пад од дури 79 отсто има наплатата на данокот на додадена вредност, кој е и најголемиот полнач на државната каса, соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Приходите во март, кога се почувствува првиот удар од корона кризата, се паднати за 24 проценти во однос на планот за годинава, или за над 12 отсто во однос на март лани.

SHARE