Поради континуираното загадување, владата донесе одлука за продолжување на зимскиот распуст на учениците за 2 дена, заклучно со 22 јануари.  

зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови.

„Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена  преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период, соопшти прес-службата на Владата.