За 24 часа 22 починати, 1.324 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаи на ковид-19, сподели министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Починале 22 лица: Седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г).

Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти.

SHARE