За 27 април биле платени 500 илјади евра а нарачател бил и Сашо Мијалков (ДОКУМЕНТ)

Некогашниот шеф на скопската организација на СДСМ Љупчо Палевски под наслов “#27Април” објавува текст и документ од кој се гледа дека зад настаните на 27-ми април стоел екс шефот на УБК Сашо Мијалков кој воопшто не е обвинет во ова дело.

“Како и ветив, монтираниот, фингиран тероризам од 27 Април има многу недоследности. Осудени се огромен број на луѓе, врз база на сведочењето на Нинџа како учесник и одговорен кординатор на настаните.

Но, судењата продолжија и на организаторите на 27 каде обвинети се: Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, директорот на УБК во тие моменти Атанасовски и др.

Но, едно големо ноооо постои во овој правен фингерај, монтиран процес затоа што се се сведува на расказот, сведочењето на Нинџа кое не е целосно, скроено, а се со цел да го сокрие неговиот вистински газда, командант”, пишува Палевски кој открива дека
сведочењето со кое се осудија огромен број на патриоти се темели на база на ИСТРАГИТЕ кои ги правело #УБК.

“Еден од вработените на управата кој учествувал во настаните се испеал додека Нинџа е во бекство, а подоцна пред да се предаде било стокмено сведочењето на начин што неговиот командант Сашо МИЈАЛКОВ не постои. Ова ќе биде причината за повторување на овие судења, ова е само почетокот на откривање на целата вистина.
Затоа денес е смешно кога Заев и Мијалков не се познаваат, смешно е кога експлицитно во бомбата Заев тврди дека преговара со Мијалков…..

Децава што гнијат по затвори мораат да добијат фер и правично судење, а најголемиот предавник #ДонМијале да се покаже на народов.

Од вечерва почнуваме со нова борба #Правда за 27 Април, #ПРАВДА а не политика…”, најавува Палевски во својот пост.

Линк до постот на Палевски

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3302449443109523&id=100000335001614&sfnsn=mo

SHARE