За 344 дена поминати во притвор Верушевски ќе добие 42.000 отштета


Основниот суд Скопје два му досуди оштета на екс разузнавачот Зоран Верушевски во висина од 42 000 евра за неосновано лишување од слобода во случајот „Пуч“, дознава НОВА ТВ.

Верушевски и неговата сопруга беа 344 дена во притвор, откако во јавноста беше обелоденото масовното незаконско прислушување.

Верушевски ја тужеше државата откако СЈО го повлече обвинението и побара оштета од 70 000 евра.

SHARE