За 48 часа Владата го поништи решението на МВР за протест (ВИДЕО)

Зошто владата се премисли и го поништи решението, дозвола за организирање протест издадено завчера од страна на МВР на движењето #бојкотирам.

Движењето #Бојкотирам најостро протестира против владината намера за суспензија на правата и слободите на граѓаните за мирен протест пред Владата, наспроти шарената револуција која во 2015 година во шатори и монтажни објекти со месеци ги блокираше сообраќајните ленти на булеварот пред Владата во двете насоки.

По забраната за протест донесена денеска, вечерва зградата на владата ја чуваат силни полициски сили.