Патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година изнесувале 2.895.605 евра изнесувале, покажа анализата презентирана денеска од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

ДКСК констатира дека во анализираниот период, 23 пратеници имале сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство кои се лоцирани во Скопје, а и покрај тоа тие пратеници примале надоместоци за користење автомобил за доаѓање и враќање на работа, односно за патување до Скопје и назад.

Членот на ДКСК Катица Николовска додаде дека висината на надоместот на закупнина на стан за пратениците изнесува 400 евра месечен бруто износ, а надоместот следува врз основа на писмено барање кое содржи лична изјава заверена кај нотар дека барателот нема во сопственост или под закуп стан или куќа, во површина најмалку од 80 метри квадратни во Скопје.

„Не е јасно на кој начин е утврдено дека помала површина од 80 метри квадратни е услов за да може пратеникот да оствари право на стан под закуп. Дали тоа значи дека ако еден пратеник има два стана од по 75 метри квадратни, пратеникот исто така може да користи стан под закуп“ – праша Николовска, како што пренесе „Плусинфо“.

SHARE