За 8.000 денари долг, извршител бара плус 84.000 денари!?

Од партијата Левица уште еднаш повикаа на укинување на извршителите, а во прилог споделија порака која ја добиле од граѓанин?

„Вработен во моја фирма добива осум налози за извршување, сите заради неплатен паушал и судски трошоци во вредност од 1.000 ден. Значи осум паушала неплатени по 1.000 ден се 8.000 ден.

Сега мојот вработен со чинот на извршување, треба да плати вкупно 92.000 ден. Значи 8.000 паушал што должи, плус 84.000 денари за извршни дејствија. На самите налози се гледа дека огромните суми се вадени како од ракав, значи по желба на господин господин извршител“, гласи пораката.

Од Левица потсетуваат дека за време на изборната кампања сегашниот претседател Стево Пендаровски велеше дека ако некој должи 1.000 денари, нема да биде можно извршителот да земе три или 5.000 денари.

Од партијата велат дека „на крајот на својот мандат, оваа нелегитимна влада не спроведе ниту една мерка од интерес за сиромашните граѓани, туку ги продолжи политиките на осиромашување и рекетирање врз грбот на обичниот работник“.

SHARE