„Размислувам во однос на одговорноста на оние кои што не им одредуваат притвори на луѓе за кои постои опасност да бегаат“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со неуспешната потрагата по експремиерот Никола Груевски, кој вчера не беше пронајден во неговиот дом во акцијата на „алфите“ и проверките на возилата кои синоќа го напуштаа штабот на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје.

„Замислете има одредување притвори за разбојништво и тешка кражба, а за вакви тешки кривични дела за кои се обвинети други луѓе не се одредува  мерката притвор“, вели Спасовски.

Спасовски додаде дека МВР ќе има информации и дека ќе дојде до Груевски.

 

.

SHARE