Магомедгаџи Нуров, кој пред една недела му донесе бронзен медал на македонското борење од Светското првенство во Казахстан, на Инстаграм објави фотографија од вчерашниот прием кај шефот на државата, нарекувајќи го „Стефо“ Пендаровски и опишувајќи го како „претседател на Република Македонија“!

„Честитки за бронзениот медал на Магомедгаджи Нуров, освоен на Светското првенство во борење, како и за освоената олимписка норма. Честитки и за неговиот тренер Љуљзим Вранези, како и за боречките клубови во нашата земја за постојаниот труд и создавање на нови генерации спортисти. Да создадеме услови за успешно учество на Нуров на Олимписките игри во Токио 2020. Со среќа!“, му посака Пендаровски.

Приемот кај наследникот на Ѓорге Иванов, кој се претставува како „петтиот претседател на Република Северна Македонија“, натурализираниот Македонец од руската република Дагестан го заслужи со првиот медал за Македонија од мундијалите по сребрениот на неговиот личен тренер Могамед Ибрагимов од СП 1998 во Иран.

Нуров има 26 години и е од Махачкала, родниот град и на Ибрагимов, единствениот македонски спортист што освоил олимписки медал по осамостојувањето на Македонија – бронзен во Сиднеј 2000.

SHARE