За Брисел уцената од Заев е: „Гротескна шега“

Обидот за уцена од страна на премиерот Заев кој го предупреди Брисел дека ако веднаш не добие датум за преговори ќе повика на предвремени избори на кои може да победи антиевропската опозиција е „гротескна шега“.

Ова го пишува влијателниот портал „Нова Европа“ (New Europe) со седиште во Брисел кој цитира висок неименуван европски претставник.

Според анализата на Нова Европа “гуруата“ во зградата на Европската Комисија Berlaymont уцената на Заев до ЕУ е ништо повеќе од недоветна шега.

Заев кој во анализата се нарекува „Северномакедонски премиер“ направил голема грешка затоа што за земја апликант без никаква карта во ракавот да преговара со најсофистицираната административна машина на светот потребно е многу повеќе од празни закани.

Според анализата Македонија ги обезбедила сите причини за европските бирократи да го забават процесот на проширување.

„Во изминативе 2 децении Скопје беше зафатено со неважна глобална битка да ја натера Грција да ја признае како Македонија. Во исто време земјата не правеше ништо освен речиси ништо во реформите кои се неопхаодни да ја приближат земјата поблиску до ЕУ“ се вели во текстот на Нова Европа.

Во некои случаи како владеењето на правото Скопје всушност се движеше назад. Кога името беше решено минатата година земјата неше неподготвена да направи скок во унијата. Како последица Брисел имаше многу добра причина да не ги отвара преговорите засега, пишува во анализата.

Анализата на Нова Европа е објавен вчера но досега не ја објави ниту Македонската државна агенција која има дописник во Брисел и е под контрола на владата ниту провладините медиуми во Скопје.

SHARE