Љубомир Калев виртуелно се вклучи во работата на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања со сопствено видување за настаните од 11 октомври 1941 година во Македонија.

„(Македонија) го слави како национален празник ‘востанието против бугарскиот окупатор’ – терористичкиот чин од 11 октомври 1941 година, кога 4-5 млади момчиња, под влијание на марксистичката идеологија, убиваат полицаец со граната, пред општината во Прилеп“, пишува Калев во својата колумна насловена „Мерка според мерка, без мерка!“ за утрешниот број на бугарскиот версник „Дума“, во која опсежно и со остар речник го коментира застојот во работата на заедничката комисија.

SHARE