За Царовска, Димитров бил рециклат на Груевски, но со „многу висока додадена вредност“!

Обидувајќи се да го оцрни политичкиот противник, вицепремиерката
задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска во ТВ-дуелот со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, зборуваше за „рециклирани кадри на Груевски“.

На забелешката на Муцунски дека токму еден таков кадар СДСМ има во Владата во ликот на министерот за надворешни работи Никола Димитров, Царовска проба да го одбрани својот став со оценката дека „тој е еден од рециклатите со многу висока додадена вредност“!

За „рециклажата“ од дуелот во „Само вистина“ на Канал 5 меѓу потпретседателката на СДСМ и носителка на заедничката листа со Беса во првата изборна единица и вториот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во „единицата“ во следното видео:

SHARE