За четврт век, четврт Бугарија се исели во странство

Во Лондон е основан Бугарски центар за социјална интеграција и култура на иницијатива на британскиот државјанин со потекло од градот Варна, Бугарија, Нишан Џингозијан кој за агенцијата БГНЕС ја отвора темата за враќањето на Бугарите во матичната земја као решение за демографските проблеми.

„Мислам дека итно е да се подготви нова Национална стратегија за работа со Бугарите во странство. Постоечкиата чигледно не функционира и не само што не ги решава проблемите на нашите граѓани во странство, туку ги продлабочува.

Бугарија е еден од најголемите донатори на емигранти во Европа како процент од населението, а во последните 25 година и околу една четвртина од населението на земјата ја напушти“.

Од нив, мнозинство се млади луѓе во нивната најактивна возраст и потпирањето на фактот дека овие луѓе ќе се вратат во Бугарија доколлку добијат писмо од институциите е наивно, вели Џангозијан споредкој бугарската држава е должник на „“своите во туѓина“.

„Миграцијата во такви размери е голем предизвик, но исто така нуди многу можности. Според официјалните статистички податоци, Бугарите во странство се најголем инвеститор во земјата. Релативно голем дел од нив добиле добро образование во престижни универзитети и се реализирале професионално во исклучително конкурентна средина во Лондон, Њујорк, Берлин, Париз, Мадрид … нивниот капацитет, знаење и контакти би можеле да помогнат на Бугарија“ вели основачот на Бугарскиот центар за социјална интеграција и култура, Нисан Џангозијан, за БГНЕС.