За да има он-лајн седници треба да се менува Уставот!

Само доколку владејачките СДСМ и ДУИ покренат иницијатива за измени на Уставот, опозицијата ќе седне на маса за разговори за онлајн работа на Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Плусинфо.

Опозициската партија нема намера да отстапи од поднесените амандмани на предлогот за измени на Деловникот ој според пратеникот Антонијо Милошоски е противуставен.

Доколку владејачките парламентарни партии не се согласат за уставни измени, ова ќе значи блокада на измените на Деловникот предложени од претседателот на Собранието Талат Џафери, со оглед на тоа дека опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива веќе доставија повеќе од 3.000 амандмани.

SHARE