Бучковски и „пријатели од Тетово“ барале 7,5 милиони евра мито од „Маѓар телеком“

Владо Бучковски, премиер на Владата во 2005 година и „пријателите од Тетово” со иницијали А. А. и М.Џ. потпишал неофицијален документ со Матав Маѓар, за исплата на 7.500.000 евра за да се одложи воведувањето на трет мобилен оператор во Македонија, објавува порталот „Сакам да кажам“.

Овој нон пејпер, добиен од Американската комисија за хартии од вредност денеска обвинителката на СЈО Лиле Стефанова му го предочи на тогашниот министер Џемали Мехази кој сведочеше дека не се сеќава и оти не му е познато дека постојат протокол за соработка меѓу Владата и „пријателите од Тетово” од една, и Матав Маџар од друга страна.

Слободан Богоевски, како сведок на судскиот процес во Њујорк за овој случај, откри дека зад иницијалите А.А. И М.Џ. се лидерот на ДУИ Али Ахмети и долгогодишниот вицепремиер Муса Џафери, кои го тужеа за клевета и изгубија пред Апелациониот суд во Скопје.

Во сведочењето Богоевски тврдеше дека мито од „Маѓар телеком“ зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами.

Ахмети и Џафери,  го тужеа Богоески за клевета и навреда и го добија случајот на суд, но Апелацискиот суд ја укина пресудата, пишува „Сакам да Кажам“.

Судењето продолжува на 27 март.