За една недела 105 нови случаи на заболени од морбили

Институтот за јавно здравје во изминатава недела регистрираше 105 нови случаи на заболени од мали сипаници.

Од нив 49 биле во Скопје, а 56 во другите градови низ државата.

Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти.

Ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години, велат епидемиолозите. 

SHARE