За едно нешто Макрон беше во право за Македонија и за Албанија, вели Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов открива за што, според него, бил во право францускиот претседател Емануел Макрон со блокадата за старт на преговори на Европска унија со Македонија и со Албанија.

„Кога Бугарија влегуваше во ЕУ, имаше апсолутен национален консензус. Која партија и да дојде на власт во Бугарија, ориентацијата не се менува. Во овие две држави, пак, не се знае што може да се случи кога ќе се смени власта. Во тој случај, тие не се за овој пат. Во тој однос Макрон беше во право“, објасни Борисов.

Неговата изјава во најмала рака е чудна, бидејќи не кореспондира со
реафирмираниот консензус на релевантните политички партии во Македонија за евроинтеграцијата без алтернатива на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски во неделата.

SHARE