За Елмас нема „Северна“, туку само Македонија на Инстаграм

Најплатениот македонски фудбалер во историјата Елиф Елмас не го „признава“ новото државно име и на својот профил на Инстаграм пишува само Македонија, како во последната објава покрај фотографијата од синоќешниот натпревар со Австрија од квалификациите за Европското првенство 2020.

Играчот за врска на Наполи ги одигра сите 90 минути во поразот од 2:1 во Виена, со кој Македонија ги загуби и теоретските шанси за пласман на ЕП преку квалификациите, па шансата ќе ја бара преку баражот во Лигата на нациите.

SHARE