Франција смета дека Преспанскиот договор е од огромна историска важност, но дека тоа „нема никаква поврзаност со процесот на проширување“.

„За нас Преспа нема никаква врска, тоа е историски договор, но не е директно поврзан со процесот на проширување, важен договор е и потребен, но не треба да се очекува дека тој ќе го одблокира процесот на проширување“, велат француски дипломатскизвори за МИА.

SHARE