За германскo-грчката срдечност и за интересите

Во опсежна анализа под наслов „Како Алексис, револуционерот кој сакаше да ја смени Европа, стана ист како Меркел“, порталот „In.gr“  го објаснува „зближувањето“ на Атина и на Берлин и потсетува на причините на германскиот интерес за тоа.

Пред се, не смееме да ја потцениме важноста на германските инвестиции во Грција, пишува In.gr. Германија е земја со најмногу  директни странски инвестиции во Грција во вкупен износ од 7,5 милијарди евра во широк спектар на економски сектори и затоа има посебен интерес (бидејќи грчката влада има посебен интерес за привлекување инвеститори), особено кога е во тек програмата за приватизација и набавки за одбраната, потсетува порталот, според кој не се во прашање само инвестициите.

„Германија сега има посебен интерес во балканскиот регион. Упорноста и активната посветеност на Преспанскиот договор, која беше поинтензивна од онаа на другите европски влади, е дел од посеопфатно планирање за регионот“.

Германија во суштина е за нов круг на проширување на ЕУ, …што повторно ќе й даде на Европа геополитичка тежина во мрежата на антагонизми кои произлегоа од новата криза во односите меѓу САД и Русија.

Ова го објаснува интересот (на Германија) и за БЈРМ и за Албанија.

Фактот дека грчката влада работи во оваа насока може да објасни дел од новата срдечност во односите меѓу Грција и Германија, оценува In.gr.

„Ова, се разбира, не значи дека Германија инвестира само во Алексис Ципрас“,пишува порталот кој ја споменува средбата на Меркел со Кирјакос Мицотакис.  

SHARE

Оставете Коментар