Имот вреден 14 милиони евра како гаранција за д излезе под приор и дека нема да бега понудил бизнисменот Орце Камчев, дознава Телма.

Следната недела би треба ло да се знае дали Кривичниот суд ќе ја прифати понудата, а за ова треба да се изјасни и СЈО.

Камчев веќе нешто повеќе од месец е сместен во една од „хашките соби“ во истражниот затвор „Скопје“.

Тој е обвинет во случајот „Империја“ и во притвор е по барање на Специјалното јавно обвинителство, поради опасност од бегство.