За предвремените избори за градоначалник на Охрид, кандидатура поднесоа петмина: Нихаил Трендафилов – Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи и Џемал Мена од движењето „Беса“.

Изборите беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година.

За испразнетото градоначалничко место во Ново Село,  (откако поранешниот градоначалник  Боро Стојчев поднесе оставка бидејќи беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари).кандидати се Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ.

Избори за градоначалник во Дебар се организираат поради смртта на претходниот, Ружди Љата, кој, по кусо и тешко боледување почина на крајот на ноември минатата година, на 65-годишна возраст. 

Кандидати се Хекуран Дука, кој е кандидат на ДУИ  и Арбен Аголи на Алијасата за Албанците, поддржан од Движењето „Беса“.

Локалните избори за овие три општини ќе се одржат заедно со претседателските на 21 април и вториот на 5 мај.

SHARE