За грчки фирми нашиот јазик е „северна македондски“

Се чини попусти беа убедувањата дека со Договорот од Преспа се „бетонира“ македонскиот идентитет и не се оспорува македонскиот јазик.

Грчки фирми во упатствата на своите производи веќе го прекрстија јазикот во „севарна македонски“.

Прашањето за заштита на брендот „Македонија“ е она што најмногу ги интересира производителите особено од северот на Грција, а новиот грчки премиер Мицотакис во неколку наврати изјави дека ќе се бори да го поддржи името или брендот Македонија, вистинската Македонија и најави  комуникациска кампања за „поддршка на Македонија”.

„Со договорот од Преспа, договорот со Грција што го постигнавме имаме целосна заштита на македонскиот идентитет, целосна заштита на нашиот македонски јазик. И не само тоа. Договорот е потпишан од грчка страна. Грција го признава нашиот македонски јазик, Грција признава македонски идентитет“ , истакна премиерот Заев во  изјава на 11 09 2018.

Извор: Нетпрес