За грчкото МНР, македонската нација е вештачки концепт негуван од Тито!

Министерство за надворешни работи на Грција во новата белешка за историската заднина на „прашањето за името на Северна Македонија“ на својата вебстраница го оспорува македонскиот национален идентитет.

„Корените на прашањето за името се враќаат на последиците од Втората светска војна, кога Маршал Тито го одвои регионот, кој дотогаш беше наречен Вардарска Бановина (т.е. сегашната Република Северна Македонија) од Србија, му го додели статусот на федерална компонента на тогаш новата Федерална Југославија, првично преименувајќи ја во ‘Народна Република Македонија’, а подоцна и во ‘Социјалистичка Република Македонија’. Во исто време, тој почна да ја негува идејата за посебна ‘македонска нација’.

Маршалот Тито имаше, секако, многу причини за преземање на овие чекори. Неговата намера беше, пред сè, да се постават основите за идните територијални претензии на Југославија во поширокиот регион на Македонија и да се обезбеди излез на Егејско Море. Аспирациите на Тито во поголемиот дел од Македонија веќе беа потврдени во 1944 година, кога јавно кажа дека неговата цел е да ги обедини ‘сите делови на Македонија која беше распарчена во 1912 и 1913 година од страна на балканските империјалисти’“, пишува на официјалната интернет страница на грчкото МНР.

„Против оваа историска заднина, поранешната југословенска Република Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година, засновајќи го своето постоење како независна држава на вештачкиот концепт за ‘македонска нација’“, се додава во текстот што почнува со тврдењето дека зборот „Македонија“ е грчки и оти древните Македонци се дел од грчката нација, а завршува со преговорите и со интегрално пренесување на договорот од Нивици.

SHARE

6 Коментари

    • Грците дури ни “СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА” не признаваат! НЕ ПРИЗНАВААТ КАКВА БИЛО НАЦИЈА!, ЗА НАС “Скопјани”!!
      Ние за НИВ Грците: “НЕМАМЕ НИКАКВА НАЦИЈА”!!!
      Ниту “СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА” НЕ Е И НЕМОЖЕ ЗА ГРЦИЈА ДА БИДЕ „НАЦИЈА”!
      Едноставно за Грција ние НЕ сме ниту НАЦИЈА, ниту народ со идентитет. Ние сме “МЕШАНЦИ” и ништо повеќе.
      ИЗМИСЛЕНИ БЕЗИМЕНИ!

  1. Има неколку грешки во текстот. Пред да се создаде републиката Македонија на територијата на Вардарска бановина и да се создаде македонската нација, веќе ПОСТОЕШЕ македонски народ, затоа што македонската нација се создаде од македонскиот народ. Инаку, секоја нација е вештачка творевина, но народ не може да биде вештачки створен. Грците со Преспанскиот договор ја признаа и македонската нација и македонскиот народ, со тоа што признаа националност Македонец / државјанин на Република Северна Македонија и што го признаа нашиот македонски јазик (нормално како еден од јужнословенските јазици) и нашата култура, обичаи, историја што ние ги имаме како Македонци ( дел од Јужнословенските народи). Што признаваат или не признаваат лудаците и во Грција и во Македонија не е битно. Најголемата грешка во текстот е дека намерата на Тито била да ја обедини Македонија. Тито не беше луд (за разлика од Ченто и некои други) да бара да се направи нешто за што нема никаква шанса. Кога лудиот Ченто барал од Тито, Југословенската армија да го завземе Солун како што го завзела Трст, Титу му обајаснал дека Италија беше на страна на непријателите на антифашистичката коалиција за разлика од Грција и дека Грција ја брани Англиската армија, така што Југословенската војска ќе треба да се бори со Аглиската армија. Кутриот Ченто тоа не можел сам да го разбере.

    • Ти беше таму и водеше записник па знаеш што му рекол Тито на Ченто. Работата е јасна. На Тито му требаше тоа што се случи во Егејскиот дел од Македонија за кога ќе седне да преговара за Истра и Трст да има со што да се пазари.

      • Абе Зоран, кога ти повеќе би читал, би бил повеќе информиран и не би потпаѓал под пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Што му рекол Ченто на Тито и што Тито му рекол на Ченто, кажува самиот Ченто во книгата на Ристе Бунтески-Бунте „ Методија Андонов-Ченто македонски народен трибун“. Самиот Ченто кажува за средбата со Тито на островот Вис, 1944 година и разговорот кој го водел со Тито, а кој јас го спомнав. Побарај ја книгата и прочитај ја. И читај повеќе Зоран, читај. Да не те лажат.

Comments are closed.