За грчкото МНР сè уште имаме спор за името со Грција!?

„Прашањето за името на Поранешната Југословенска Република Македонија не е само спор околу историските факти или симболи. Се однесува на однесувањето на земја-членка на ОН, Поранешната Југословенска Република Македонија, што е во спротивност со основните принципи на меѓународното право и поредок; посебно, почитување на добрососедските односи, суверенитет и територијален интегритет.

Затоа прашањето за името е проблем со регионални и меѓународни димензии, кој се состои во промоција на иредентистичките и територијалните амбиции на Република Македонија, главно преку фалсификување на историјата и узурпација на грчкото национално, историско и културно наследство… ова стои меѓу дугото на официјалата веб-траница на грчкото МНР.

Во историската дескрипција на долгогодишниот спор за името, грчкото МНР посочува дека “македонската нација” настанала како креација на Тито по Втората Светска Војна.

Согласно Преспанскиот договор,, македонската страна уште минатата недела почна со исполнување на условите и примена на новото име.