Македонскиот национален состав во недела во Струмица ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година против реперезентацијата на Грција.

Пласманот на ЕП 2020 е веќе осигуран, но овој дуел може да ја одведе македонската репрезентација до врвот на групата 3 што ќе значи и подобро рангирање при ждрепката.

Но најавата на пристигнувањето грчката репрезентација во Струмица „крена многу прашина откако администраторот на официјалниот профил на грчката ракометна федерација го опиша противникот како „Скопјани“, како што речиси три децени не ословуваа, пишува портѕалот „24 Ракомет“.

Од 19 февруари 2019, по претходно потпишан договор со Република Грција (Преспа, 17.06.2019),  нашата држава го добива официјалниот назив Република Северна Македонија, а граѓаните кои живеат тука во официјалните документи ќе бидат  Македонци.

SHARE