Неспорно е дека Крлежа ја сиппатизирал и ја сакал Македонија, за што сведочат и еминентни научници кои го следеле неговиот живот, пишува професор Горан Калоѓера, почесен конзул на Македонија во Хрватска кој неодамна побара да биде ослобободен од должност.

Повод да напише „неколку редови“ за Мирослав Крлежа, како што вели, е заедничката претстава „Глембаеви“ која ги спои загрепскиот и прилепскиот театар, а за Крлежа и неговата врска со Македонците сведочат особено оние епизоди од неговиот живот поврзани со Македонија.

„Кога делегација од македонски писатели го посетила Крлежа по повод доделената награда „Златен ценец ма струшките вечери на поезијата, на забелешката на Гане Тодоровски и (Анте н.з.)  Поповски, дека тој сега станал Македонец, Крлежа им одговори дека тој станал Македонец уште во 1913 година. И имаше причина за тоа.

(Крлежа) стигнал во Скопје како доброволец да се бори од страната на српската војска, токму во моментот на битката за Брегалница, и беше обвинет дека е австриски шпион и едвај извлекол жива главата.

Неговите согледувања од 1913 година биле дека земјата во која се наоѓал не е јужна Србија, дека народот таму не зборува српски, а дека е се Срби. Беше тоа време на Втората Балканска војна, и во тој ужас на колење и убиства, Крлежа сфати дека наместо идејата за братство и единство, се води агресивна милитаристичка и експанзионистичка државна надмоќ.

Неговата втора посета на Македонија (Скопје). ), беше во 1937 година, по повод подготовката на драмата „Во логорот“, изведена од скопскиот театар.Од писмата испратени до неговата сопруга (…), јасно е дека му било удобно во Скопје и дека ја сакал таа опуштена македонска атмосфера, едноставна и блиска без онаа (изнасилен –н.з.) нему позната учтивост. Тој беше многу задоволен од претставата, сметајќи дека е добра и дека не може да не биде задоволен.

Третата посета на Македонија е можеби најважната и корисна во однос на македонските писатели и македонската култура. Беше тоа во 1960 година, на покана на Кола Чашула, со својот авторитет нда им даде поддршка на младите, модерно ориентирани писатели собрани околу списанието „Разгледи“.

.Нерспорно е дека Крлежа во Скопје вешто балансирал помеѓу официјалната политичка елита и „младите“ либерални интелектутуалци на кои им даде поддршка.

Притоа, тој направи многу за македонската култура и националното наследство. До Институтот за национална историја во Скопје испрати попис на македонската библиографија од библиографскиот каталог на Лексикографскиот институт (во Загреб-н.з.) , што беше силен поттик за пишување на Македонската национална енциклопедија.Го посети Филозофскиот факултет во Скопје и со одличниот познавал на македонската историја на уметноста, Димче Коце, ја пропатува Македонија од Нерези, Куррбиново, Старо Нагоричани, Скопска Црна Гора, Света Софија, Стоби и Хераклеа.

Дека уживал во тоа патување, може да се прочита во неговите есеистички текстови „Viggio in Pegagonja“ што претставува негово интимно доживување на изворната Македонија.

Тој(Крлеќа) беше и останува, според сведочењето на Гане Тодоровски, голем, вистински пријател на Македонија, Македонците и македонската култура…“ пишува професор Горан Калоѓера.

SHARE