Обвинителството нема да го гони функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој пред една година ја нападна полицајката Јасмина Јаначкова, која повикала пајак-служба да го крене неговото непрописно паркирано возило.

Oбвинителот констатирал дека кривичното дело напад врз службено лице не може се гони по службена должност и ја затворил постапката против Асани.

„ Од ниеден вербален исказ, вклучувајќи ја и оштетената, надлежниот јавен обвинител не доби потврда дека пријавениот физички ја нападнал“, велат од Обвинителство за „Макфакс“.

Според Обвинителството, немало докази дека полицајката Јаначкова била нападната, а притоа не постоела сериозна и остварлива закана кон неа ниту, пак, физички контакт за Бекири да биде гонет за физички напад.

Асани кон Јаначкова упатил само навреди и вулгарности со цел да ја омаловажи, заклучил надлежниот обвинител

Против него е поведена само прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир и треба да плати глоба од 600 до 800 евра.

SHARE

4 Коментари

    • Па и треба да ја казнат и не само тоа туку треба и да ја истерат од полиција.
      На кого му треба таква полиција и полицајка?
      Таква полицајка единствено е во полза на криминалци, така да немој многу да ја жалиш…

Оставете Коментар