„Не успеавме да постигнеме консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, ќе се навратиме пак на самитот во Загреб“, рече германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел.

Од јануари 2020 година Хрватска го презема претседавањето со ЕУ.

Ставот на Германија беше дека треба да почнат преговори, но немаше консензус и не донесовме заклучок, рече канцеларката.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, појасни денеска зошто била против идејата за раздвојување на Македонија и Албанија за време на синоќешната расправа на Самитот на ЕУ.

Според Меркел подобро било да се третираат двете земји заедно, отколку да се одвојат расправите за нивно зачленување во ЕУ.

Меркел наведува дека една од причините за оваа одлука е фактот што значително голем број на етнички Албанци живеат во Мкедонија, пренесува „Политико“. 

SHARE