ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИСКИ РАБОТИ – проф. д-р Димитар Љоровски Вамваковски (1)

Кај голем дел историчари нормално е во одреден период од професионалната кариера да се појават одредени сомнежи и недоумици околу одредени историски личности, настани и процеси. Причините за овој навидум исклучителен „феномен“ можат да бидат многубројни. Појава на нови историски извори и документи, развој на различни историски правци, модерен пристап и интердисциплинарноста со другите сродни науки на историската, се само дел од факторите кои може да влијаат на овој „феномен“. Сепак, влијанието на државата, пред сè националната нарација, политиката и нивото на образование во голема мера може да имаат улога во научниот криволиниски пат на еден дел од историчарите.

Што се однесува на образованието, она високото кое што го стекнуваат историчарите, не само во Р. Македонија, туку општо земено на Балканот, па и пошироко, се базира на етноцентрични погледи поврзани со историјата на територијата на која е создадена една нација-држави и териториите кон кои истите претендираат, а се дел од други државни територии.

Ова последното се должи првенствено на фактот што денешните државни граници во минатото или не постоеле, т.е. нивните територии биле дел од други држави (империи) или, пак, во текот на историјата границите на нациите-држави се менувале. Ако тргнеме од теоријата дека „историчарите ја создаваат нацијата“, тогаш јасно произлегува дека една од нивните главни улоги според вака поставената девиза е дека тие треба во текот на нивното образование да се спремаат за „национални радници“.

И навистина, додека студиравме се провлекуваше чувството дека не спремаат за „национални радници“ наместо како студенти да не насочат да ја разбереме и доживееме историјата како наука. Претставувана ни беше историјата на Македонија низ една етнонационална призма, наместо методолошки да нè воведат во тајните на историската наука, да ја разбереме мултидимензионалноста на македонската територија и да ни биде соодветно и научно објаснато историското време во кое се случувале одредени настани и процеси, нас ни беше доловувана историјата низ разбирањето на сегашноста. И пак ќе потенцирам, ова не е македонски феномен, односно е пракса која се употребува и во нашето најблиско опкружување.

Со ваквата поставеност проблемите настануваат по завршувањето на формалното образование. Љубовта кон историјата го тера историчарот да го надоградува своето знаење, при што се соочува со т.н. забранета историја. Имено, недоволно подготвени во текот на формалното образование историчарот често се судира со проблеми за кои може тешко да даде логично објаснување. Следува процес на самопреиспитување, разочарување, но и желба за понатамошна надоградба.

Тенденција на секој историчар е да тежнее кон историската објективност, која за жал, да бидеме реални, колку и да се труди еден научник да ја постигне, истата во целост е тешко остварлива.
Во оваа група за жал бев и јас. Токму во периодот кога како тогашен млад историчар запливував во водите науката, се соочив со историја која не ни беше соодветно објасната во факултетските клупи.

Потесниот интерес на моето научно доусовршување, покрај останатото, беше и појавата и развојот на македонското националноослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Разбирливо почнав да читам извори (документи, мемоари, дневници, извештаи, итн.), но и литература, пред сè балканска, во која историјата на Македонија од овој период се претставува различно од она што нас не учеа.

Секако најголем проблем беше бугарската историографија и како таа го поимаше и разбираше овој период. Тешко сфатливи за мене беа поимите „Бугарин“, „бугарско“ и слично. Почнав детално да истражувам, но и да дискутирам со колегите кои беа специјалисти по оваа проблематика.

Добро се сеќавам на еден совет од мојата менторка, која ми пренесе една реченица на еден поранешен македонски академик: „Периодот на македонското националноослободително движење не е броењето и пребројувањето на тоа кој колку пати се кажал Бугарин или Македонец, ако тргнеме по тој пат, на што не наведуваат Бугарите, тогаш биди сигурен дека газиме по тенок слој на мраз“.

Тогаш сфатив дека треба да седнам, да седнам и убаво да го „загреам столчето“, т.е да се втурнам во суштината на вистинската проблематика на „македонското прашање“.

Почнав со интередисциплинарните науки, со антропологијата, социологијата, со теориите за етницитет и национализам, за појавата и развојот на нациите, преминав кон детелно проучување на доцноосмалиското владеење на Балканот, со општествената, административната, социјалната, економската, даночната и воена политика на Империјата.

Со анационалната поставеност на османлиската држава (доволен е фактот што доминантната турска етничка група формално не создала своја нација во Империјата, туку неколку години подоцна, за време на Кемал Ататурк). Со социјалната, културната, јазичната, економската и образовната структура на населението во османлиска Македонија.

Со проучување на милет системот. Со интересите кон оваа територија и население на веќе формираните балкански нации-држави, но и со интересите на Големите сили. Едноставно за да се сфатеше т.н. Македонско прашање од доцноосманлискиот период требаше да се разберат многу настани и процеси што го карактеризираа овој период, но и како историчар целосно да се пренесеш во тоа време. Оттука, во последниот период зачудува појавата на одредени историчари во Р. Македонија чија потесна област на работа е неколку века поназад од овој период да даваат толку лесно свои видувања, базирани пред сè од лични или други побуди.

Во суштината на овој проблем е кој ја имал моќта да именува, поради кои причини и цели го правел тоа, значењето и трансформацијата на терминот „Бугарин“ во овој период.

Дали тој имал расно (словенско) значење; дали го имал значењето на општествена стратификација и во кои случаеви; дали, кога и во кои примери означувал припадност кон милет системот, но и кога имал значење на етничка идентификација и кои биле причините за тоа.

Колкаво и какво било влијанието на инпутирањето на национализам однадвор на територијата на османлиска Македонија. На крај, ако се земе дека и етничкиот, а потоа и националниот идентитет се мултидимензионални категории, за чие обликување потребни се мноштво на маркери, тогаш е јасна тенденциозноста во исклучителното користење само на еден од нив во категоризацијата на едно население. Уште повеќе што македонскиот Словен во овој период на еден или друг начин, поради една или друга околност, во својот животен век бил присилен многу често да го менува или да му го менуваат неговото именување.

(ПРОДОЛЖУВА)

SHARE

15 Коментари

  1. В този период термина “бугарин” значи само и единствено българин! От колкото и кладенци вода да донесете, професоре, истинската история почива на фактите, а фактите са заключени в термина “бугарин”. Няма и никога не е имало македонци…

    • Еј тутабугарин, ако не е имало Македонци, зошто толку упорно докажуваш дека “не е имало“, од каде потребата да се докажува нешто што не е имало?
      Ти си од младата нацифашистичка бугарска багра или си од постарата нацифашистичка балгарска орда?
      Не се разговара со лица кои имаат лимитиран интелект (Еден ти си овој Атанас или е твој братучед?), се чуствувам како пред свињи да истурам бисери!

      • Ей антички, не аз доказвам, че няма, а такива като вас се мъчите да докажете, че е имало македонци. Цитирате Славейков, цитирате Вазов, цитирате кой ли не, само не цитирате жив от онова време македонец. И без обиди, знам, че това е израз на безсилие. Време е да спрете с измишльотините, време е да разберете, че фашизма не може да бъде индулгенция за коминтерновския ви произход!

        • Вака тутабугар ништо не те разбрав, ако сакаш да те разберам пишувај македонски, така да натаму е одговор на претходното твое…
          Значи ти не докажуваш туку само велиш дека “не е имало Македонци“ така, добро да речеме ќе одиме по твое, ете не е имало во минатото, а ДАЛИ ДЕНЕС ИМА МАКЕДОНЦИ?
          Ако и понатаму велиш, докажуваш или веруваш дека денес нема Македонци тогаш ти само потврдуваш дека си едно нацифашистичко копиле, и тука завршува дискусијата.

          • Вака антички, как разбирате Вазов, или Славейков, или Драганов кога доказвате, че имало “македонци”. Нейсе и не е на моето, а на историческите факти от които се черпи информация че не е имало македонци! Дали има днес македонци, питай гърците. за които досега бяхте скопяни, а от 15.01. ще сте северно македонци. Така че от мене да го знаеш, важно е какъв се чувства човек, но по-важно е какъв го определят другите. И ако той не приема определението на другите, е обречен да живее изолиран…И спри да злоупотребяваш с определението “фашизъм”, то не е оправдание, че днешната ви нация е рожба на комунизма…

  2. И што сака писателот да рече!
    Многу конфузно, човекот преку своето лично доживување сака да објасни етногенеза или можеби само така изгледа.
    Како прво тој не дефинира поими, не се обидува да до крај го постави контекстот, затоа неговите толкувања се само негови лични доживувања.
    За поимот Словен не објаснува ништо, туку го зема за готово и врз него гради историја, ако малку подлабоко го истражи феноменот Словен ќе му се разјаснат многу работи. Само едно Словен не е етницитет (народ и нација е исто како што е исто баби и жаби) туку група на народи кои имаат исто јазично но и културно јадро и извориште.
    Еве на пример нека ги анализира културата на тнр. западна и источната цивилизација, зошто кај едната доминира егоизмот а кај источната имаме мешавина на егалитаризам со примеси на егоизам, зошто кај едните е така а кај другите не, дали религијата имала пресудна улога во тие концепции или пак се работи за нешто друго, и најважно од се е дека не може да истражува од вчера а да не го земе во предвид онаа од пред вчера, затоа што времето тече во континуитет а не во посебни и издвоени амбиенти … и само нека не користи аргументи од западни источни или тужи извори затоа што сите до еден се создадени со одредена цел.
    Она што никако не смее да се испушти од вид е дека Историјата не е наука туку средство кое го користат разни групи како би ги оправдале своите позиции и мотиви за доминација, многу често историјата е обична пропагнадна алатка…

    • И што мислиш те разбра!? Цц! Делот од мозокот што е за разбирање и логика му е изваден.

  3. АТАНАС, убаво те прашува DLM „Дали денес има Македонци?“. Зошто не му одговараш? На што личи тоа „ Прашај ги Грците“? Што ти значи тоа дека никогаш немало Македонци? Дека денешната нација ни`е рожба на комунизмот? За да се роди нација треба прво да постои народ. Ако не постоел македонски народ, како тоа комунизмот ја створил македонската нација? Или сакаш да кажеш дека од бугарскиот народ (во Македонија) е створена македонската нација? Мислиш ли дека од еден народ, комунизам или било кој друг и било што друго, може да створи каква што сака нација? Може ли некој од хрватскиот народ да направи српска нација, или обратно? Може ли од турски народ некој да направи грчка нација? Какви се тие глупости што ги кажуваш? Ако ние Македонците не се чувствувавме како посебен народ, како од нас комунизмот ќе направеше македонска нација? Ако е тоа можно, зошто на Бугарите не им успеа од нас да направат бугарска нација многу порано, уште кога не беше дојден комунизмот? Ако ние не бевме Македонци, туку бевме Бугари, како тоа не им успеа на Бугарите од нас да направат бугарска нација?

    • Прашай” атанас” как за 500години турците не успеа от бугарите да направат всички помаци и турци а за 50години сърби и коминтерна успеа.. От Българи на Македонци..

  4. Никой нормален българин не оспорва, че СЕГА има/постои!/ македонски народ: Чувствайте се македонци, ако щете марсианци, ваше право е… Но, история се пише с документи, с доказателства! Затова, от Самуил до Миладиновци, до Даме и до Гоце, всички са доказани българи – и никой сериозен учен-историк не би спорил за това. За периода пък около Илинден 1903 г. и по-късно просто е жалко да четеш македонските историчари как се гънат и чешат по главите…Професор Любомир Милетич, сам македонец от Щип, сякаш е имал предчувствие какво ще стане, и още тогава – 1903, 1904, 1905 и следващите години, е интервиюрал останалите живи водачи на ВМОРО… Всичко това е публикувано още тогава, пък и по-късно, не е бугарска интрига… Ама иска четене, а не слушане на Лепа Брена и Цеца! Прочетете, те сами са си казали какви са, със собствените си уста: Даме Груев, Гьорче Петров, Яне Сандански, Борис Сарафов – да продължавам ли?! Стига толкова, убедил съм се че да спориш с македонисти си е чиста загуба на време и оглупяване… И да знаете, на тоз хал, на който сте, по-добре е, че не се чувствате българи – поне не излагате българското племе!

  5. Пламен от Варна, што ако Даме, Гоце и останатите водачи на ВМРО се чувствувале Бугари? Тоа не значи дека огромното мнозинство во Македонија биле Бугари. Државата Македонија и македонската нација не ја формирале оние кои се чувствувале Бугари, туку оние кои се чувствувале различни од Бугарите, оние кои се чувствувале Македонци. И ден – денес во Македонија има кои се чувствуваат Бугари и нив никој не ги запира да се чувствуваат Бугари. Ако Даме и Гоце и сите кои ги споменуваш се чувствувале Бугари, тоа не значи дека јас и ОГРОМНО мнозинство во Македонија сме Бугари. Мислам дека го разбираш тоа.

    • “Еден”, това вече е друг разговор, така вече може да се разговаря. Разбира се, че и ти, и “ОГРОМНО мнозинство во Македония” сте в правото си да се чувствате македонци, а не бугари! Стига да не пречите /затваряте, убивате и т.н./, както беше доскоро, тези които се чувстват българи… Просто е, нали? Стига ни и нас – 99% от нормалните българи /без 1% екстремни фанатици/, че българи и македонци живеят и общуват нормално, че между нас няма омраза и лъжа. А за да няма омраза и лъжа, трябва да познаваме – и признаваме ИСТИНАТА. Аз разполагам с безброй доказателства, че не само писмените Гоце-Даме-Тодор-Ванчо, както и всички водачи и активисти на ВМОРО/ВМРО до войната са се чувствали българи. И простият народ в Македония е бил все такъв: БЪЛГАРСКИ – прочети за плебисцитите в Охридско, Битолско, Скопско за присъединяване към новосъздаващата се Българска Екзархия /1873-1874г./, виж процентите… Всъщност, защо да си досаждаме с доказателства, нека използваме само логика: Според теб някакъв “елит” от водачи “бугари” във ВМОРО/ВМРО са създали и управлявали тази “държава в държавата”, но “огромното мнозинство во Македония” не били бугари, а да речем – македонци… И незнайно защо са подкрепяли – с пари, пот и кръв – много кръв /?!/ чужденците-българи? Които пък българи-тугинци, пак незнайно защо, вместо да искат присъединяване към България, настояват – и мрат за независима Македония /”с предимство на българския елемент”, такава е била формулата на Ванчовата ВМРО до 1944 г/.??? Нещо не се получава, нали? Но, лаф да става, дума дупка не прави, хай на здраве!!!

  6. Пламен от Варна, што било, било и поминало. Тоа не смее да пречи ние денес да живееме како добри комшии. Ајде да почниме да гледаме во иднината и да ја направиме иднината што поубава за сите нас, а да ја оставиме историјата таму каде што припаѓа – во минатото. Поздрав до тебе.

    • Прав ви, Еден, но: ЗА ДА ЗАТВОРИМ ИСТОРИЯТА, ПЪРВО ТРЯБВА ДА Я ПРОЧЕТЕМ! Ама истинската история на Македония – не писаната в Белград Югосърбославица… ИСТИНАТА И ЕВРОПА ще спасят и България, и Македония!

Comments are closed.