ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИСКИ РАБОТИ – проф. д-р Димитар Љоровски Вамваковски (2)

Неспорно е дека во доцноосманлискиот период доминантно население во османлиска Македонија било македонското словенско.

Зошто „словенско“?

Бидејќи главен белег, покрај останатите, што ова население го правело различно од другите бил колоквијалниот јазик кој припаѓал на словенската група на јазици, преку кој тој комуницирал, како во својот дом, така и во пошироката околина.

Факт е дека и подоцна најголем дел од ова население бил носечкиот столб во веќе формираната македонска нација, но исто така неспорно е дека и делови од ова население својот национален сентимент го создал и кон бугарската, грчката и српската нација.
Историските процеси воделе кон тоа дека првин се случило она второто, т.е. македонските Словени станувале дел од веќе формираните нации на балканските држави, што се должело пред сè на моментот што тие порано формирале национални држави и со тоа тие ги користеле инструментите на националните институции да делуваат (пропагираат) кон населението за кое сметале дека припаѓа во нивниот национален корпус.

Формално-правно македонската нација-држава била формирана во 1944 година со создавањето на македонската држава како дел од тогашната југословенска федерација.

За оние кои се разбираат во процесите на формирање на нациите, многу им е јасно дека процесот на создавање на една нација не се случува со еден акт, одлука или, пак, наредба, нешто што постојано се обидуваат да ни го накалемат соседите. Па така, ниту процесите на формирање на грчката, српската и бугарската нација не започнале со формирањето на нивните нации-држави.

Оттука, многу е јасно дека процесот на формирање на македонската нација е започнат многу порано, некаде кон половината на 19 век. Македонскиот протонационализам почнал да постои тогаш кога се појавила идејата за организираниот отпор како кон османлискиот државен апарат, така, најпрвин, и кон влијанието на грчката патријаршија, а потоа и кон пропагандите на соседните нации-држави. Желбата и барањата на христијанското словенско население за социјална, економска и правна еднаквост во османлиската држава, потребата за верско општење и школување на разбирлив јазик, како и на крај, за слобода и создавање посебна држава, ја креирале идејата за посебност, која поврзана со името на територијата (Македонија) на кое тоа население живеело, почнало да ја обликува првичната протонационационална идеја кај дел од оваа население.

Овие луѓе се повикувале на својата татковина – која секогаш ја препознавале на територијата поврзана со името Македонија.
Разбирливо е дека патот бил трнлив и исполнет со премногу пречки, што најмногу се должи на обидите на балканските нации-држави во корен да го спречат нештото што почнало да растне.

Тоа се случило и со појавата на Македонската револуционерна организација (МРО), која покрај првобитната и најважна цел за ослободување на Македонија и етапно создавање на македонска држава, имала за цел како институција, или повеќе како држава во држава, да го трансформира македонскиот човек, од човек-роб, во слободен човек, кој ќе ги користи сите бенефити на слободниот и просперитетен живот.

Оваа автохтона местна македонска институција била патоказ кон формирањето на македонската нација, а тоа набрзо било препознато и од соседните држави, кои побрзале целосно да ја дисквалификуваат или да ја преземат. Најагресивна во последната намера била бугарската држава, која користејќи многубројни инструменти се обидела, што и накрај успеала во подоцнежниот период, да ја стави под своја контрола. Одговорот ќе го најдеме во дневникот на револуционерот Ефтим Спространов, кој толкувајќи ја политиката на бугарскиот кнез кон „Македонското прашање“, резимирал: „никој не се сомнева дека тој, па и секој Бугарин има интерес да се ослободи Македонија, но… не за самите Македонци, туку за себе“.

Кога веќе постоела отворена војна меѓу МРО и македонската емигрантска организација од Бугарија (Врховниот македонски комитет – ВМК), директно контролирана од бугарскиот двор, еден од интелектуалните дејци на МРО, Владимир Руменов го карактеризирал генералот Цончев (тогашен претседател на ВМК) како човек со државнички (се мисли бугарски) и панбугарски идеи, кој сметал дека „ако слободата на Македонија се извојува од самите Македонци, се губи почвата на сите бугарски претензии“ (види пак во дневникот на Спространов).

Идејата за самостојност и колку истата била важна за македонското ослободително дело брзо била препознаена од корифеите на МРО (Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Даме Груев, Димо Хаџи Димов, итн), за што постојат низа на пишани сведоштва. Во една пригода, Борис Сарафов пишувајќи писмо од Женева (февруари 1902 година) до Задграничното претставништво на МРО во Софија, сакајќи да стави јасна динстинкција на веќе започнатата инфилтрација на бугарската држава во Организацијата, ќе запраша: „ние, македонски револуционери ли сме или бугарски патриоти?“, алудирајќи на потребата за автохтона политика на МРО кон „Македонското прашање“ и на засилените обиди за пенетрација на бугарската политика во нејзиното делување.

Сосема на крај, еден од аргументите на оние кои го негираат процесот на формирањето на македонската нација во фазата на нејзиниот протонационализам е „непостоењето на официјално барање за создавање на македонски милет!“. Одобрување за формирање на еден милет давала османлиската власт, за која прашањето за правата и обврските кои произлегувале од оваа институција, а поврзани со словенскиот елемент во нејзината Империја, било затворено со создавањето на „Булгар милетот“ (1870).

Последниов во својата основа била анационална институција, преку која се регулирале обрските и правата на нејзините припадници со државата, а поврзани со црквата, училиштата, правниот систем, итн. Токму отпорот на словенскиот елемент во Османлиската империја на првобитно воспоставениот „Рум милет“, во кои влегувале сите православни верници во државата, го создал „Булгар милетот“. Причината за ова била засилената трансформација на „Рум милетот“ во инструмент на грчкиот национализам, кој успешно преку овој милет пенетрирал меѓу негрчкото население во Империјата.

Оттука, со формирањето на еден словенски милет се сметало дека Султанот ги задоволи потребите на овој елемент во неговата држава, а тоа што понатаму, по формирањето на бугарската држава во 1878 година постепеното истиот бил национализиран, тоа не било во сферата на неговиот интерес.

Од друга страна, официјална Софија, исто како и грчката држава, преку овие два милета се обиделе да ги реализират своите големодржавни проекти и да создаваат свои „нации“ во османлиска Македонија, пред сè меѓу македонското словенско население.

Логично следува дека Високата Порта не била заинтересирана за содавање на втор словенски милет на нејзината територија, што секако не би идело ниту во прилог на аспирациите на грчката и бугарската влада, кои секако на сите начини се обидувале да го спречат овој процес.

Од друга страна, постоеле иницијативи на македонски интелектуалци, но и на самото население, за создавање на училишта на македонски јазик или за замена на бугарските учители со македонски.

Така, на пример, во грчкиот весник „Скрип“ од летото 1905 година читаме дека била формирана комисија од „Македонската организација“ со цел да се создаде „македонска граматика“, а како основа на македонскиот јазик би бил земен битолксиот дијалект. На крај од овој текст се забележува следното: „Учителите во словенските училишта во Македонија имаат наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот и преку него да се постават основите за создавање независна Македонија.

Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги, а Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“. Сличен процес забележал и англискиот хуманист Хенри Ноел Брејлсфорд, кој запишал: „Комитетот (се мисли на МРО, б.н.) или некои негови делови, дури размислуваа (1905) за политика на наметнување на македонскиот словенски дијалект, наместо литературниот бугарски, како јазик во сите егзархистички училишта во Македонија.

Се зборува дека за таа цел се печатени граматики. Ова, ми се чини, ја докажува искреноста на локалниот автономистички патриотизам“.

Две години подоцна, во 1907 година рускиот конзул М. Петраев по обиколката на османлиска Македонија во извештај до своето МНР, забележал: „Во костурската каза дојдоа да нè видат делегации и изјавија дека не сакаат ни грчки ни бугарски учители и свештеници; инсистираа тоа да бидат Македонци. Кога беа прашани за нивната националност, одговорија дека се Македонци“.

Наредната 1908 година англискиот политичар и адвокат Ален Апворд кој претходно ја посетил османлиска Македонија, во неговата книга запишал: „Јас го прашав него (се однесува на македонски селанец со кого разговарал, б.н.) каков јазик тие зборуваат и мојот грчки преведувач невнимателно одговори: бугарски. А човекот самиот рече: македонски. Јас обрнав внимание на овој збор и очевидецот објасни дека тој не го смета селскиот дијалект што се употребува во Македонија за истороден со буграскиот и одби да го нарече со тоа име.

Тоа беше македонски, словенска форма на македонскиот јазик кој го слушнав посеверно во грчка форма: македоникос (μακεδονικος)“. Зарем овие и мноштво други аргументи во полза на македонскиот протонационализам и етничка посебност може да се негираат и покрај огромните напори на соседните балкански пропаганди во спречување на овој процес?!? Истовремено, може ли да се занемарат одредени иницијативи за замена на бугарските владици со исти такви, но со македонско потекло? (за ова види повеќе кај Спространов).

Или некој/и ќе ги негира напорите на МРО за преземање и поставување на кадар предложен од самата Организација во егзархиските црковно-училишни општини? Отпорот кон Егзархијата и бугарската политика кој очигледно постоел нè водел ли кон создавање на македонска посебност?

И сосема на крај, сигурен сум дека оние кои се занимаваат со ова прашање би знаеле какво влијание би имала книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков доколку истата би била распространета меѓу населението во османлиска Македонија. Книга која била отпечатена 1903 година во Софија и која за жал во тој период не ја виде светлината на денот, бидејќи набрзо тиражот бил запленет и запален (совен неколку примероци).

Оттука, се разбира може само да претпоставите од што и зошто се плашела бугарската државна политика токму од ова дело!!!

Првиот дел од текстот на проф. Љоровски Вамваковски

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИСКИ РАБОТИ – проф. д-р Димитар Љоровски Вамваковски (1)

SHARE

4 Коментари

  1. Ето с такава изкривена и фалшифицирана българска история Република Северна Македония НИКОГА НЯМА ДА ВЛЕЗЕ В ЕВРОПЕЙСКИЯ СЪЮЗ! Този професор чете Историята, както дяволът чете Евангелието!!! Македонци, за всички посочени в статията исторически личности, има безброй доказателства за българското им самосъзнание! Вие трябва да сте идиоти, ако мислите, че ще ви ги подарим, или пък, че ще ги делим с вас: например единият брат Миладиновец – българин, пък другия – македонец… Никой не ви кара да ставате българи, бъдете си македонци колкото си щете, но долу ръцете от Гоце, Даме и другите наши герои! Ако искате герои – създайте си, или си измислете, но не си присвоявайте нашите! Ако душата на македонизма е бугаромразството, гордейте се с Лазо Колишевски, изкарайте още скелети от гардероба – професорчето ще ви помогне за 30 сребърника… И тъй като, види се, не искате в Европа – може да се лъжете едни други, докато албанците сложат ред в измислената ви държава!

  2. до тутабугарчето од Варна, за жал твоите корени се кај татромонголоидите и си залутал овде, оваа е МАКЕДОНИЈА. Е сега, бидејќи си гост биди пристоен и не навредувај покажи барем елементарна култура.

    Со тезата “словенски Македонци“ и “македонски Словени“ на авторот која и во првиот а гледам и во вториот дел, не можам да се сложам затоа што се косат со логиката и здравиот разум.
    Ако постојат словенски Македонци тоа имплицира-подразбира дека постојат и некои други Македонци кои не се Словени, за постоење на такви други Македонци а кои не се Словени до денес нема никаков доказ, пишуван или било каков траг во историјата. Затоа и првиот пат замолив авторот прво да проучи кога се јавува името Словени и зошто, за чии цели и потреби, и што всушност значи зборот Словен?!
    Втората теза која е спорна е дека се мешат категории НАРОД со Нација, за жал тие не се синоними – не значат исто – немааат исто значење, според многумина зборот Нација е создаден многу подоцна и е заради САД и Австралија кога се јавила потреба сите оние кои се дојденци во САД треба со нешто да се обединат, тие немаат ист јазик, куултура и … па е создаден термин нација, па сега имаме американска нација и уште редица други, второ прифатено е дека не може да има нација ако нема држава, што пак од друга страна не исклучува постоеење на НАРОД, народ кој создал своја држава (такви се европските држави) се здобива со можност да се вика државотворен народ и со создавањето на своја држава има интерес да создаде и нација која се нарекува според името на државата…..

    • DLM А ти си един прост хейтър. А след шизофренните брътвежи на тоя псевдопрофесор, за България не остава нищо друго освен “бой по каските”. Идиоти, като тоя разбират само от бой и ще си го получите! Продължавайте така, и гърците ще ви се сторят филантропи от това, което ние българите тепърва ще ви дадем като урок…

  3. Нашите ,македонските историчари треба уште леб да јадат за да разграничат домашни од туѓи термини.
    Домашен термин Слово – Словени
    Туѓ термин Sclave Sclaviniae.
    Неразграничувањето и доведува до празен простот кој се покрива со измислените термини како ” македонски Словени ”
    Што е тоа Словен ?
    Религија е
    Словен е припадник на Словото
    Кој тоа е Словото ?
    Исус е Слово

    Словени ,следбеници на учење за Словото од 51 год после Исуса почнувајќи од Солун ,Македонија.
    Би требало минатото да се согледа преку призмата на верата.

    Текстот цело време непосредно укажува кон неа.
    Бугар милет .Создаден под влијание на Царск Русија .Кој е поданик и следбеник на институциите во тој Бугар Милет постанува Бугарин.
    Рум Милет.
    Исто
    По теркот на Ромеиа или ти Ромејската Црква во Константинија ,и нејзоните припадници Ромеите се создава и Рум Милетот каде продолжува таа припадност,сега не за сите туку за оној дел што западот ќе го нарече Грци .
    Македонецот и бидува обезличен со падот на Охридската Патријаршија ,за да отпосле од него и се прави” мелено месо”

Оставете Коментар