Новинар од албанскиот сервис на Македонската радио и телевизија, во преносот на МТВ 2 го бојкотирал Стојанче Стоилов – најдобриот играч во македонската ракометна репрезентација на средбата со Јапонија .

Уредникот на спортската редакција, Мустафа Адеми, во ниту еден момент не го изговорил името на капитенот на Вардар туку кога тој бил во центарот на вниманието за него го користел терминот „играчот со број пет“ пренесува порталот „Спорт1“.

Причина за ваквиот скандалозен однос на човек кој е платен од државни пари, како што пишуваат медиуми на албански јазик, била реакцијата на Стоилов на неодамнешниот избор на „Спортист на годината“ кога демонстративно го напушти настанот поради – двојазичен карактер.

Досега не е забележан случај некој коментатор да го игнорира односно бојкотира играчот на репрезентацијата на државата, пишува „Спорт1“.

SHARE

2 Коментари

    • Абе можеби него не го заболе ама мене ме заболе зошто од мои и твои пари се финансираат тие националисти.

Comments are closed.