Израелскиот суд во Ерусалим осуди 13-годишно палестинско момче на три години затвор.

Според информациите на палестинскиот информативен центар Вади Хилва, 13-годишниот Палестинец Есреф Хасан е осуден од израелски суд на три години затвор за наводен обид за нанесување повреди минатата година, јави Анадолија.

Судот го обвини Хасан за обид за напад со нож на израелски војник во Ерусалим во септември 2019 година

Малолетникот, кој помина една година во затвор, ќе остане во него уште две години. (Ал џезира)

SHARE