За навредата „Тимоние смрден“, ЈО може да го гони братот на Сашо Орданоски

Братот на Сашо Орданоски кој преку социјалните мрежи го навреди Францускиот народ а амбасадорот Тимоние го наречен смрден се соочува со обвинение од Јавното обвинителство кое може да поведе истрага за инцидентот.

Според член 181 од Кривичниот Законик за навредите упатени од Ванчо Орданоски кон францускиот амбасадор тој се соочува со парична казна.

На обвинителството му е доволен “допрен глас” од јавноста за да поведе истрага и да покрене обвинение.

Членот 181 од законот пропишува дека “Тој што со намера за исмејување јавно ќе изложи на подбив странска држава, нејзино знаме, грб или химна или шеф на странска држава или дипломатски претставник на странска држава во Република Македонија, ќе се казни со парична казна”.

Што направи Ванчо Ордановски на социјалната мрежа Твитер:

За бизнисмен финансиран од владата Французите се крадци а францускиот амбасадор е “смрден”

SHARE