За непочитување на мерките: Затворени 48 угостителски објекти

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска информираше дека 48 угостителски објекти низ земјава биле затворени со решенија од пазарните инспектори поради непочитување на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Општа констатација е дека поголемиот дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција , но за жал еден дел од угостителските објекти, особено во руралните, продолжуваат да ги прекршуваат мерките“, рече Филиповска-Грашкоска

Во период од 2 до 5 април биле извршени над 3.000 контроли.

SHARE