Истрагата по вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров утврди дека вооружените разбојници одзеле 8.700 евра.

За неполна година, ова беше трет грабеж во оваа банка. Последниот беше во јули лани во експозитурата во Сарај кога беа украдени 115.000 евра, а претходно во онаа во Чаир во април лани кога беа украдени 150.000 евра.

Нема информации дека сторителите на претходните грабежи се пронајдени или фатени.

SHARE